Ракометарите на Веспрем имаа супериорно издание и обезбедија убедлива победа во финалето од Купот на Унгарија против екипата на Веспрем ККФТ со 42:19 и го освоија својот 29. трофеј.
Веспрем после тешката победа во полуфиналето против ПИК Сегед, во финалниот натпревар имаше полесна зaдача и целосна доминација. Уште од самиот старт Веспрем имаше контрола на резултатот а до полувремето го реши победникот кога водеше со 23:10.
Во продолжението избраниците на Момир Илиќ само ја потврдија победата со лесна и атрактивна игра без голем напор. Веспрем со овој триумф успеа да го одбрани трофејот освоен минатата сезона.
Одличен беше Андреас Нилсон со десет погодоци, а Гашпер Маргуч постигна шест гола. Владимир Цупара имаше добро издание на голот со девет интервенции. Во тимот ка Вепсрем ККФТ се истакна Акош Селеш со пет гола.