Стана тренер во 2014 година, а оттогаш секоја година освојува шампионска титула!

Актуелниот тренер на Савехоф Михаел Апелгрин во фантастична серија која може да биде и продолжена.

Апелгрин зад себе има седум сезони како тренер и во сите сезони освојувал трофеј. Низата ја започна во Елеверум во 2014 година со кој освои шест титули во домашниот шампионат. По успешниот период во Норвешка се пресели на кормилото на Савехоф од Шведска со кој минатата година стигна до шампионската титула. Сезонова Савехоф со Апелгрин обезбеди полуфинале во плеј-офот на Шведска и е на добар пат да ја пролжи низата.

Како играч Апелгрин најголем дел од кариерата помина токму во овие две земји, а три сезони помина уште во Шпанија. Од 2008 до 2010 беше член на Гранолерс, а во сезоната 2013/2014 настапуваше за Пуерто Сагунто.

Тренерската кариера ја започна како играч-тренер во Елверум токму после периодот во Пуерто. После две сезони со двојна улога се посвети само на тренерската работа.