Девет репрезентации веќе го обезбедија својот настап на женското Европско првенство кое ќе се одржи во Македонија, Црна Гора и Словенија.
Последните три места од групата ќе се решаваат во натпреварите помеѓу Србија – Исланд, Романија – Австрија и Хрватска – Чешка.
ГРУПА 1
Полска – Швајцарија, недела 16:15
Двете репрезентации се пласираа на завршниот туирнир, Швајцарија своето место го обезбеди по елиминацијата на Русија. Полска со победа ќе ги заврши квалификациите со перфектен учинок, за првпат во својата историја.
ГРУПА 2
Данска – Фарски Острови, сабота 16:10
Данска веќе е победник во групата откако ја победи Австрија со 38:22 во средата и така го запечати своето 15-то последователно учество на Европското првенство. Фарски Острови се аутсајдер во овој натпревар, тие се селекција од која само две репрезентации имаат примено повеќе голови (Литванија 181) и (Турција 151).
Романија – Австрија, недела 17:00
Романија и Австрија се изедначени со по пет бода, а на Австрија и е потребна победа или нерешено со 34 или повеќе голови. Романија се квалификуваше на 13 од 14 последни турнири, го пропуштија само првенството во 2006 година кога беа елиминирани од Србија.
ГРУПА 3
Холандија – Грција, недела 16:00
Со пет победи во пет натпревари Холандија ја освои групата со просек од 31 гол по натпревар. Грција од друга страна е репрезентацијата со најмалку постигнати голови, 11 во просек по натпревар. Со исклучок на Белорусија која беше исфрлена, Грција е во серија од 17 порази во квалификациите.
ГРУПА 4
Франција – Украина, сабота 19:30
Серијата на Франција од 19 натпревари без пораз беше прекината во минатото коло кога беа поразени од Чешка. Ако сакаат да останат во игра за пласман во следната фаза Украина мора да ја победи Франција која веќе ја освои групата.
Хрватска – Чешка, недела 18:00
Хрватска може да стане првата репрезентација која освоила бронзен медал на претходното Европското првенство и останала без пласман на следното издание. Со победа Хрватска би ја елиминирала Чешка, но во овој натпревар Хрватките влегуваат со големи проблеми со повредите.
ГРУПА 5
Унгарија – Словачка, недела 14:45
Со победата од 30:18 против Португалија, Унгарија веќе се пласираше на Европското првенство. Словачка од друга страна никогаш не завршила едни квалификации за ЕП со шест порази во шест натпревари. Селекторот Хорхе Дуеанс ги загуби неговите први три натпревари (два против Португалија и еден против Шпанија).
Шпанија – Португалија, недела 19:00
Португалија го изгуби последниот натпревар против Унгарија со 11 гола разлика и така ја прекина серијата од четири победи која ја имаа од октомври 2021 година. Шпанија се квалификуваше на 11-то Европско првенсто во низа, но чека на медал уште од среброто во 2014 година. Двете страни во последните 12 години се сретнаа два пати и двата натпревари ги доби Шпанија.
ГРУПА 6
Србија – Исланд
Србија треба да го искористи домашниот терен и да избегне елиминација поради поразот од Исланд во првиот натпревар во групата со 23:21. Победа ќе го однесе Исланд на ЕП на Србија и е доволно и реми. На домашен терен Србија е во серија од 17 натпревари без пораз. Исланд пак на гости во оваа фаза нема победа од јуни 2014 година против Финска и се во серија од девет порази.
Шведска – Турција, сабота 18:10
Шведска е веќе победник во групата, додека Турција е последна на табелата со два освоени бодови, па така овој дуел нема ништо да промени во конечниот пласман. Во првиот натпревар на овие две селекции во Турција Шведска славеше со 23:31.