ЕХФ ги пушти во продажба билетите за Ф4 турнирите во женска конкуренција и машка конкуренција кои ќе се играат во Будимпешта и Келн.
Завршницата на сезоната во женската Лига на шампиони ќе се игра во унгарската престолнина на 4 и 5 јуни, додека машкиот Ф4 ќе биде во Келн на 18 и 19 јуни. Билети може да се купуваат за сите натпревари. Во наредниот период ќе бидат објавени и вип влезниците како и дополнителни пакети.
Цените на билетите се од 35 до 170 евра во зависност од местото на седење за женскиот Ф4, додека цените за машкиот се од 85 до 375 евра. Билети можете да купувате преку сајтот на ЕХФ – тука.
Веќе е познат еден тим на женскиот Ф4, тоа е францускиот Мец, додека останатите патници ќе бидат познати по четвртфиналните средби. Кај мажите исто така допрва треба да се одредат сите четири патника во Келн.