Некогашната членка на Кометал ЃП замина од Русија – Аморим веќе не е дел од Ростов Дон

Некогашната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров и Ѓер, го раскина договорот со рускиот првак Ростов Дон.

Иако имаше најави дека ќе ја доигра сезоната во Русија, сепак Ростов Дон објави дека договорот е раскинат.

„Во Ростов Дон поминав прекрасно време и заминувањето од клубот не беше лесно решение. Ова е моја последна сезона во кариерата и мечтаев да играме финале на ЛШ. Но има работи на кои не можеме да влијаеме“, вели Аморим.

Таа дојде во Ростов Дон лани летото и освои титула во рускиот Супер Куп.

Покрај Аморим од Ростов Дон заминаа тренерот Јохансон, Боршенко, Лагерквист, Заади и Брновиќ, чиј договор сепак останува активен од следното лето.