Ракометарите на Вардар в четврток ги очекува првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против унгарскиот гигант Веспрем.
Стратегот Давид Дејвис вели дека тимот мора да биде на највисоко ниво во текот на целиот натпревар за да се стигне до триумф над унгарскиот тим.
„Јас знам колку е силен Веспрем. Сите се индвидуално и тимски силни. Веспрем е комплетна екипа, од почеток на сезона секогаш беше горе на табелата, ние долу, можеби нема голема разлика, но тие се фаворити. Кога играме дома, Вардар секогаш се бори, некогаш подобро, некогаш полошо. Ова е друго натпреварување, едно е македонско првенство, друго е СЕХА лига, трето е Лига на шампионите. Екипата е една кога се игра во Суперлигата, а друга кога играме во елитното натпреварување. Мораме да бидеме добри во одбрана, да не губиме топки во напад. Мора да играме максимално 60 минути, ако сакаме да победиме. Малите детали се многу важни“, вели Дејвис.
Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем се игра в четврток во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.
Георгиевски: Некогаш и пет гола се малку, а некогаш и победа од еден гол е доволна