После голема борба, тензија и нервоза Еурофарм Пелистер денес славеше против Вардар со 23:24 и презема лидерското место на табелата.
Иако битолскиот тим сега е во пол-позиција во Вардар сигурно нема да се откажат, тоа го порача и еден од најискусните во редовите на Вардар, Тимур Дибиров.
„Кога губиме губи цела екипа, но ако некој мисли дека после ова ќе ја спуштиме главата, можам да потврдам дека тоа нема да се случи. Ние сме шампиони и се уште не сме го кажале последниот збор. Денес изгубивме, но борбата за титулата не решена, го имаме натпреварот во Битола во кој сакаме да победиме. Натпреварот во Битола ќе биде една голема битка, па ќе видиме како ќе биде решено првенството. Знам дека нашите фанови се разочарани од денешниот настап, но ова не е крај, можеби ја загубивме битката, но не и војната“.
Дибиров верува дека се уште има време до крајот да се свртат работите во корист на Вардар.
„Треба да заборавиме на денешниот пораз и од утре со ладна глава да продолжиме уште понапорно, има уште време до крај, има уште натпревари и никогаш не знаеш што може на крајот да се случи“, изјави Дибиров.