Maкедонската репрезентација ја очекува вториот и последен бараж за СП против селекцијата на Чешка на која ќе и гостуваме на 13. април во Злин, реваншот е закажан за три дена подоцна во Скопје.
Убава вест пристигнува за сите навивачи кои ќе сакаат да ја бодрат Македонија на овој важен дуел. Веќе се обезбедени влезници за македонските фанови.
Како што информира навивачката група „Македонска Фаланга“ од Виена, влезниците се обезбедени, но засега не е позната цената на целото патување затоа што се бара најефтината варијанта.
Натпревар во Злин се игра на 13 парил од 19:15 часот, додека реваншот е на 17 април од 19:00 часот во Скопје.