Хрватскиот ракометар Лука Шебетиќ премина од украински Мотор Запорожје во шпанскиот прволигаш Виверо Херол Нава, потврди неговиот нов клуб.
27-годишниот Шбетиќ го напушти Зпорожје откако првенството беше прекинато.
„Идниниот понеделник тој ќе се стави на располагање откако ќе го потпише договорот со кој ќе биде врзан до крајот од сезоната“, соопштија од Нава, клуб кој се наоѓа на 10. позиција од 16 клубови во шпанското првенство.
Нава е клуб од местото Нава Де Ла Асунсион кое брои нешто помалку од 3.000 жители, а се наоѓа во средишниот дел на Шпанија.
„Не размислувавме многу веднаш ја искористивме ситуацијата да доведеме играч од највисоко ниво“, порачаа од клубот основан 1976 година.
Сезонава за Мотор Шебетиќ постигна 27 голови на 11 натпревари во Лигата на шампионите.