Екипата на Младост на гостувањето во Автокоманда кај Шампион запиша убедлива победа со 32:25, во натпревар од последното коло од регуларниот дел во Првата машка лига.
Гостите од Богданци имаа фуриозен старт и по десет минути игра дојдоа до убедливо водство од 9:2. Кратката клупа на домаќините на овој натпревар немаше никакви шанси за сензација. Младост на полувреме замина со позитива од осум гола разлика, 18:10.
Предноста од првото полувреме беше сосема доволна за ракометарите на Младост да имаат мирна игра во второто полувреме. Домаќините во завршниот дел го искористија големиот пад во играта на противникот и стигнаа до минус три негатива, 27:24, но Младост не дозволи да има никакво изненадување.
Најефикасни во победничката екипа беа Саша Михајловиќ со осум и Димитар Пеев со шест погодоци. Во поразениот табор, Христијан Сибиновски беше прв стрелец со девет постигнати погодоци.