Од Кил објавија добри вести со повредата на 26-годишниот Норвежанец Сандер Сагосен.
Сагосен се здоби со повреда по еден прекршок во 11. минута во натпреварот против Фуксе Берлин. По оваа повреда во Кил стравуваа дека се работи за скршена клучна коска што ќе значеше долга пауза за норвешкиот ракометар.
По деталните прегледи на докторскиот тим и направената магнетна резонанца утврдено е дека Сагосен се здобил само со истегнување на зглобовите на клучната коска и како што најавуваат од Кил на терените ќе се врати за 14 дена.
Секако ова се добри вести пред продолжението на Бундеслигата, но и Лигата на шампионите каде што Кил веќе обезбеди пласман во четвртфиналето и го чека подобриот од дуелот помеѓу Елверум и ПСЖ.