Eден ден по натпреварот од Лигата на шампионите против Динамо Букурешт, Шимон Сичко потпиша нов договор со полскиот клуб.
Новиот договор на Сичко со Келце има важност до летото 2028 година.
„Се ми се допаѓа во Келце! Се чувствувам многу добро тука. Првиот договор со клубот го потпишав во 2017 година и не очекував дека ќе останам толку долго. Среќен сум што уште играм тука“, изјави Сичко.
Во меѓувреме во периодот во Келце беше позајмен два пати во германски Хутенберг и Горник од Забрже. Редовен член на првиот тим стана во 2020 година.