Нексе се засилува со играч од тимот на Миркуловски

На крилјата на добриот прв дел од сеозната Нексе ќе гради посилен тим за идната натпреварувачка година.

Клубот од Нашице може да се пофали со квалитетен прв дел од сезона. Нексе направи европски и регионален исчекор со добрите настапи во СЕХА лигата, додека во Хрватска малку ги здрма неочекуваниот пораз од Сасвете.

Сега од клубот го објавија едно од првите засилувања за идната сезона, станува збор за Иван Сршен кој во Нашице се враќа после две години поминати во Бундеслигата во редовите на Вецлар.

„Еднаш гром, засекогаш Гром! После две сезони во Бундеслигата ни се враќа Иван Сршен“, објавија од Нексе на својата официјална страница.

Сршен во Германија пристигна токму од Нексе, а претходно настапуваше за ППД Загреб, ПИК Сегед, Метковиќ и Вараждин. За хрватската репрезентација настапуваше на Медитеранските игри во 2018 година и од тој турнир има златен медал.