Eкс играчот на Вардар, Данил Шишкарев беше повреден, но како што стојат работите тој е пред враќање на терените.
Десното кирло на Чеховски Медведи потврди дека се повредил во натпреварот против Бенфика, меѓутоа сега е блиску до враќање на терените.
„На утринскиот тренинг пред натпреварот од Европската лига против Бенфика се здобив со повреда на зглобот. Потребни ми беа неколку недели да се вратам на терените. Сега сум при крај, мислам дека ќе бидам спремен за „фајнал-форот“ на Купот на Русија, очекувам тогаш да можам да помогнам на тимот“, изјави Шишкарев за официјалниот сајт Чеховски Медведи.
Шишкарев дресот на Вардар го носеше цели шест години (2014-2020), а настапуваше уште за Веспрем и Астракхан каде што ја започна кариерата.