„Плинарите“ чекаат услуга од Вардар

Ракометарите на ППД Загреб стигнаа до последното коло во групната фаза и се уште имаат шанси за осминафинале. Хрватите по поразите од Вардар во Скопје и германски Кил се најдоа во тешка ситуација и сега потребно им е големо изненадување, но не зависат и самите од себе.

Пред нив е клучниот натпревар во борба за осминафиналето во Лигата на шампионите на гости кај Алборг, мораат да победат или да освојат бод, но притоа Елверум кој гостува на Вардар треба да освои помалку бодови.

Се ќе падне во вода ако Елверум утре слави против Вардар. Македонскиот претставник ќе потсетиме веќе го обезбеди пласманот во осминафиналето и сигурно групата ја поминува како петти на табелата со што ќе оди на дуел со Веспрем.

Стратегот на Загреб Ивица Обрван верува дека неговиот тим може до осминафинале.

„Ни преостана последниот натпревар во овој густ распоред. Во претходните три одигравме навистина добро. Го победивме ПИК Сегед кој беше одличен и несреќно изгубивме од Вардар и Кил. Се уште сме во игра за осминафинале, потребен ни е и поволен резултат во Скопје. Играме против лидерот нашата група и ќе биде тешко, меѓутоа беше и против Кил и Сегед па покажавме дека можеме да парираме“, изјави Обрван.

Натпреварот во Данска Загреб и Алборг го играате утре од 18:45, Вардар својот натпревар исто така го игра утре во терминот од 20:45 часот.