Пред два дена Франција на гости кај Хрватска беше подобра со 19:21, но Хрватките оставија добар впечаток и не беа незадоволни и покрај поразот. Сега ги чека реваншот во Франција.
Хрватските ракометарки веќе отпатуваа на реваншот во квалификациите за Еуро 2022, но во последен момент останаа без селекторот Ненад Шоштариќ кој мораше да го пропушти летот за Тулуз поради вирус на цревата.
Сепак, не се сите шанси Хрватките да бидат предводени од селекторот изгубени, ако до утре биде во подобра ситуација ќе лета за Франција. Во спротивно во натпреварот против Франција тимот ќе го води неговата помошничка Снежана Петика.
Tреба да се спомене дека Хрватска во Франција отпатува сериозно ослабена и ќе биде без: Ќамила Миќевиќ, Лариса Калаус, Стела Посавец, Ивана Дежиќ и Тена Петика, па така отсуството на Шоштариќ ќе биде само дополнителен проблем.