Meѓународната Ракометна Федерација донесе одлука од 1. јули оваа година да применува четири нови правила во ракометната игра.
Најмногу внимание веројатно привлекува одлуката место шест од наредната сезона да бидат дозволени четири додавања кога судијата ќе ја подигне раката за пасивен напад. Ништо помалку важна не е и другата промена – од 1 јули изведувањето на топката од центарот после примен гол ќе мора да се изведува со една нога на линијата на средината на теренот. Значи нема да биде доволно играчот да биде само во кругот како што беше случај до сега.
Исто така шутерот кој од земја (без скок) ќе го погоди голманот во глава ќе биде казнет со двеминутно исклучување како и напаѓачот кој со било каков шут ќе го погоди голманот во глава, а притоа тој да не ја поместува следејќи ја топката.
Четвртата промена е само за топката – ИХФ ќе претстави нови топки со кои ќе може да се игра без лепак. Топките ќе бидат од поинаква структура, а топките со кои ќе може да се игра без лепак ќе бидат помали во обем и со помала грамажа.