Репрезентативките на Словенија вчера се собраа пред двомечот против Македонија во ЕХФ Купот. Непосредно пред собирот селекторот Драган Аџиќ доби лоши вести затоа што остана без две ракометарки.
Црногорецот на списокот повика 22 ракометарки, а две од нив не беа во можност да се појават. Станува збор Ема Хрватин и Елизабет Оморегие
Оморегие не е во составот поради инфекција со коронавирусот, а Хрватин поради болест, но не коронавирус. Во споредба со селекцијата која играше на Светското првенство во Шпанија недостасуваат дури седум играчи.
Првиот натпревар Македонија и Словенија ќе го играат в четврток во Целје од 18:00 часот, а три дена подоцна Словенките ќе ни гостуваат во Скопје.
Список на Словенија:
Ана Абина – лев бек (Млинотест Ајдовшчина)
Анеја Бегановиќ – пикер (Лублин)
Нуша Фегиќ – среден бек (Млинотест Ајдовшчина)
Тија Гомилар – десно крило (Крим Меркатор)
Ана Грос – десен бек (ЦСКА Москва)
Блажка Хауптман – среден бек (Литија)
Манца Јурич – лево крило (Крим Меркатор)
Валентина Тина Клеменчич – пикер (Крим Меркатор)
Манца Коговшек – лево крло (Литија)
Петра Крамар – лево крило (Крка Ново Место)
Наташа Љепоја – пикер (Крим Меркатор)
Ника Матавж – среден бек (Вупертал)
Доминика Мрмоља – десен бек (Дунајварош)
Амра Панџиќ – голманка (Баја Маре)
Маја Светик – лево крило (Крим Меркатор)
Тајда Трипковиќ – голманка (Птуј)
Урша Урбанчич – десно крило (Браник Марибор)
Маја Војновиќ – голманка (Шиофок)
Урша Зелник – пикер (Млинотест Ајдовшчина)
Нина Зулиќ – среден бек (Глорија Бистрица)