По „десетката“ во голот на Свис – Ончев номиниран за играч на колото во Словенија

Македонскиот интернационалец Тоше Ончев се најде меѓу номинираните ракометари за играч на колото во Словенија.

Ончев имаше одлична партија и со десет гола беше најзаслужен за триумфот на Тримо Требње кај Свис Ивачна Горица.

Медиа тимот на словенечката федерација го смести Ончев во изборот заедно со уште шестмина ракометари што го одбележаа колото.

Гласањето на сајтот на словенечката федерација ќе биде отворено до утре до 14:00 часот, а за Ончев може да гласате ТУКА.