Митрова и Петковска го оставија Кузман Вардар на дното на плеј-аут табелата

Ракометарките на Гевгелија имаа сигурно издание во 3. коло од плеј-аутот во Женската лига и на домашен терен без поголеми проблеми ја совладаа екипата на Кузман Вардар со 35:24.

Гевгелија многу рано на овој дуел ги реши сите дилеми кој ќе ги освои бодовите. Уште во почетната фаза домашниот тим создаде сигурна позитива која само ја зголемуваше. Беше 7:3 за Гевгелија, а потоа 12:6 за на полувреме екипите да заминат со резултат 20:11.

Предноста која ја направи Гевгелија во првиот дел беше повеќе од доволна за конечен триумф. Во продолжението Кузман Вардар немаше никакви шанси, имаа највисоко заостанување од 15 гола разлика, а во завршницата само успеаја да го ублажат поразот.

Најефикасни и предводнички во победата на Гевгелија беа Драгица Митрова со девет гола и Бети Петковска со осум погодоци. Најпрецизна во тимот на Кузман Вардар беше Јована Ангеловска со седум гола. Ова беше втор триумф на Гевгелија, додека без победа со само еден бод Кузман Вардар останува на дното на табелата во плеј-аут конкуренцијата.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ШАМПИОН1071222
2ГЕВГЕЛИЈА1050515
3СПАРТАК92167