Вардарки без милост – ја победија Деспина со 19 разлика!

Во рамките од плеј-офот во женската Суперлига денес се сретнаа екипите на ЖРК Вардар и ЖРК Деспина. Вардарки лесно стигнаа до убедлива победа.

Од самиот старт Вардар најави во каква насока ќе оди натпреварот. Отворија со 8:0, а до 5:0 головите ги постигнаа пет различни ракометарки – Џатевска Ивана, Трпевска Ивона, Костиќ Ангела, Диневска Бојана и голманката Илиќ Андреа. Ракометарките на Деспина првиот гол го постигна дури во 12. минута од натпреварот преку Сања Цветкоска откако претходно Ангела Камческа не реализираше зицер.

Таа предност од осум-девет гола Вардар ја одржуваше во текот на првите 30. минути. Со една серија од 3:0 во финишот на полувремето дојдоа и до двоцифрена предност од 15:5. Сепак до полувремето водството беше намалено на 18:7.

Во вториот дел следуваше уште поголема доминација на Вардар, гостите како предвреме да се предадоа. Предноста на Вардар растеше од минута во минута, па затоа имаа и водство и 20 разлика за на крај да победат со 19 разлика (36:17).

Кај Вардар најефикасни беа Магдалена Тошевска и Сара Миновска со по шест гола. Бојана Коцевска постигна пет, а Марија Николовска четири гола. Гулеска Елена со пет гола беше прв стрелец кај Деспина, додека Сања Цветкоска додаде четири.

ПозЕкипаНПРЛБ