Унгарскиот репрезентативен голман Мартон Секељ, кој сезонава го чува голот на Еурофарм Пелистер кога се одлучува да дојде во Битола, за него градот и клубот не се непознати.
Како ракометар на Татабања и Веспрем, тој има гостувано во „градот на конзулите“. Како соиграч на Дејан Манасков во Веспрем и на Никола Митревски во Порто, тој исто така има слушано само убави работи за Битола и Еурофарм Пелистер.
„Еурофарм Пелистер и Битола не беа непозната средина за мене. Напротив како играч на Татабања имам гостувано во Битола во ЕХФ купот, тогаш клубот беше Еурофарм Работник. Потоа со Веспрем се соочивме во СЕХА лигата и имав позитивни импресии од тие гостувања. Дејан Манасков, кој ми беше соиграч во Веспрем при еден разговор (по заминувањето од Порто) ми кажа дека Хендави си заминува од Еурофарм Пелистер и дека на клубот му треба голман. Никола Митревски ми беше соиграч во Порто, делевме минутажа на голот и имаме одлично пријателство. Тој е од Битола и секогаш, во неврзан кафе-муабет кога сме зборувале за клубот или за градот, тој имал убави зборови и за навивачите, атмосферата… Зборував и со Штербик, Шишкарев, Македа, Мораеш… тие играле во Вардар, но и тие имаа само убави зборови за тоа каква ракометна нација е Македонија, во каков амбиент и атмосфера се играат натпреварите и дека секој клуб има свои навивачи – фанатици (се смее). Добри работи слушнав и за македонската лига, и имав убаво претчувство. Сум играл со многу Балканци, но сакав и вистински да ја почувствувам енергијата која ја има тука и секако да учам нови работи и да напредувам“, објаснува Мартон Секељ.
Во продолжение прочитајте го целосното интервју со Секељ…
ИНТЕРВЈУ МАРТОН СЕКЕЉ: Сакам со титула да испишам историја во Битола