Новата црногорска ѕвезда кај Миркуловски во Вецлар!

Новата црногорска ѕвезда, Радојица Чепиќ, од лето ќе има нов предизвик во кариерата и ќе се пресели во Бундес лигата.

Тој го привлече вниманието на ракометната јавност со настапите за Црна Гора на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

19-годишниот среден бек потпиша договор на три сезони со бундеслигашот Вецлар и ќе биде замена за македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски.

Покрај Чепиќ, Вецлар договори соработка со уште еден талент од Балканот, десниот бек на Војводина, Јовица Николиќ.

Чепиќ, кој потекнува од Рудар Пљевља, во моментов е член на словенечкиот Целје со кој има договор до 2024 година, но нема да го одработи до крај.