Екипата на Хановер, во која настапува репрезентативецот на Македонија, Филип Кузмановски, од следната сезона ќе биде посилна со членот од Фуксе Берлин, Маријан Михалчик.
Новиот ракометар во Хановер ќе ја зголеми конкуренцијата на левата бековска позиција каде што моментално настапуваат тројца играчи, Кузмановски, Бом и Хане.
Михалчик и раководството на Хановер се договорија на тригодишна соработка. 25-годишниот ракометар во својата кариера настапуваше и за екипита на Минден. Во текот на 2020 година направи трансфер во Фуксе Берлин.
Со репрезентацијата на Германија учествуваше на Европското првенство во 2020, а неговиот прв репрезентативен повик, кој беше во 2017 година, беше токму од тогашниот селектор на Германија и актуелен тренер на Хановер, Кристијан Прокоп.
Во досегашниот тек од неговите настапи во Бундес лигата има постигнато 488 погодоци на 170 натпревари. Поради повреда на лигаментите, тој е отсутен од терените, но се очекува од следниот месец да биде на располагање во составот на „лисиците“.