Ракометарот на Мотор Запорожје, Шпанецот Карлос Молина после една и пол година во клубот одлучи да потпише нов договор и да ја продолжи верноста за дополнителни две години.
Молина доби добри оценки од тренерскиот тим за она што го прикажува во екипата која е ривал на Вардар во рамки на СЕХА лигата.
Неговата главна улога е во дефанзивата, па оттаму раководството на тимот на Мотор Запорожје не разислуваше многу и одлучи да ја продолжи соработката со ракометарот така што единствениот Шпанец остана верен на клубот од Украина.