Екипите на Куманово и Металург ја отворија плеј-оф сезоната со интересен натпревар и реми од 23:23 кое беше постигнато во последната секунда од средбата со голот на Бразилката во редовите на кумановки, Коста Андреза Алмеида.
Првото полувреме на овој дерби дуел од плеј-офот во Супер женската лига имаше постојана неизвесност. И двете екипи имаа свои моменти на водство. Имаа подобри периоди во нападот, но тоа не овозможи да се дојде до подобар резултат односно поголема предност со која ќе може во продолжението од средбата да се одигра помирно.
Металург влезе подобро во завршницата на првиот дел од средбата. Гостинките имаа плус три гола, водеа со 13:10 и очекуваа да стигнат до убава предност на паузата. Сепак, не одеше така добро бидејќи домашните успеаја пред паузата да намалат на еден гол, 14:15.
Почетокот на второто полувреме донесе брзо израмнување и игра во која постојано беше неизвесност. Израмнетиот резултат траеше до крајот од натпреварот. Се играше за секоја топка и секој гол значеше многу.
Кумановки на 22:23 имаа тајм-аут и го имаа последниот напад. Напаѓаа долго и бараа начин како да стигнат до гол за реми. Тој дојде при последниот шут на Бразилката Алмеида која во првиот натпревар за Куманово е херој и доказ дека е добро засилување за тимот кој се бори за титулата.
КУМАНОВО – МЕТАЛУРГ 23:23 (14:15)
Сала: „Перо Наков“ во Куманово. Судии: Ѓорѓи Василевски и Блаже Михајлов од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.
КУМАНОВО: Митровиќ, Мар. Јовановска, Живковска, Димитриевска, Ивановска 1, Мат. Јовановска, Алмеида 10, Боризоска, Цветановска 3, Нолевска 3, Димитровска, Кипријановска 4, Граматова, Џамкиќ 2, Богојеска
Седмерци: 7/9, Исклучувања: 10 мин.
МЕТАЛУРГ: Илјаз, Васева, Гугуљанова, Петреска, Трајковиќ 3, Ивановска, коловска 3, Арсениевска 5, Младеновска 6, Т. Темелковска, М. Темелковска, Ѓошевска, Калајџиевска, Божиновска 6, Нестороска, Тодоров
Седмерци: 2/6, Исклучувања: 12 мин.