Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 дојдоа до нова победа во Супер машката лига совладувајќи ја Струга со 32:26 и на тој начин се доближија уште повеќе до пласман во плеј-офот. Младите битолчани без поголеми проблеми дојдоа до триумф иако стружани во поголем дел од натпреварот беа рамниправен ривал.
Првото водство го имаа гостите кои отворија со 2:0, но потоа како да застанаа. Ова беше искористено од Еурофарм Пелистер 2 за да се дојде до серија од 6:0 и да се дојде до висока предност. Сепак, гостите го кренаа нивото на игра пред сè во одбраната каде беа поагресивни.
Добрата агресивност овозможи тимот на Струга да се врати резултатски во средбата и да не дозволи оваа средба да биде рано одлучена. Оттаму Еурофарм Пелистер 2 од предност од 6:2 дојде само на еден погодок и резултатот беше само 7:6. При овој резултат средбата продолжи со игра практично гол за гол бидејќи немаше веќе поголемо водство, па до крајот на првото полувреме имаше неизвесност.
На одмор беше 12:11, а остана неизвесноста до средината на второто полувреме кога ракометарите на Еурофарм Пелистер почнаа да ги казнуваат грешките на противникот. Успеваа да постигнуваат лесни голови и тоа донесе со 25:19. Овие плус шест отворија простор за мирна игра во завршницата и за целосна контрола на средбата.
Играта во која имаше целосна контрола резултираше со победа од 32:26 со што Еурофарм Пелистер 2 ја оправда улогата на фаворит, а воедно и продолжија со сигурната игра и со чекорот кон плеј-оф.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА