Откако вчера беше во Белград на дуелот од СЕХА лигата меѓу Партизан и Еурофарм Пелистер, Веселин Вујовиќ денеска следи уште еден натпревар од регионалната конкуренција.
Поранешниот стратег на „црвено-црните“ е на трибините во „Слана Бара“, каде што играат Војводина и Вардар.
Тој го заврши третиот мандат на клупата на македонскиот првак, а неговата замена е шпанскиот тренер Давид Дејвис.
Во последните неколку дена кружат шпекулации дека Вујовиќ за првпат во кариерата ќе води женски клуб – Подравка од Хрватска, но стратегот најави дека се уште нема конкретно ништо околу тоа.