Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.
За разлика од ланската сезона, во оваа сезона има 12 екипи, а играат и Вардар и Еурофарм Пелистер.
Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат шест екипи.
Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.
Како регуларниот дел од сезоната се приближува кон крајот, така се разгоруваат и битките за плеј-оф.
Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото.
Ќе можете да гласате до четврток до 12 часот.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 18. КОЛО
СКОПЈЕ 2020 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 17:32 – ИЗВЕШТАЈ
СТРУГА – ПРИЛЕП 22:21 – ИЗВЕШТАЈ
ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 24:22 – ИЗВЕШТАЈ
ВАРДАР – ПРОЛЕТ 34:22 – ИЗВЕШТАЈ
ОХРИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ 26:25 – ИЗВЕШТАЈ
РАДОВИШ – МЕТАЛУРГ ОДЛОЖЕНО
ТАБЕЛА
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 18. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА
ГОЛМАН: Јагош Брауновиќ (Охрид) – Тој беше еден од подобрите на теренот во победата над Бутел Скопје. Во клучните моменти одбрани далеку најдобро.
ЛЕВО КРИЛО: Дарко Кондев (Тиквеш) – Имаше една од подобрите средби сезонава. Беше и најефикасен во победата против Еурофарм Пелистер 2 со шест гола.
ЛЕВ БЕК: Дејан Кукуловски (Еурофарм Пелистер) – На гостувањето во Скопје тимот на Еурофарм Пелистер имаше одлично второ полувреме во кое доминираше на теренот. Кукуловски одигра добра средба, а заврши со три гола.
СРЕДЕН БЕК: Анте Гаџа (Вардар) – Одигра стандардно во текот на целата средба. Добро водеше, а постигна и четири гола.
ДЕСЕН БЕК: Жарко Бајрактаревиќ (Струга) – Стружани одиграа добра средба и дојдоа до победа против составот на Прилеп. Тој имаше одличен ден, а натпреварот го заврши со шест гола.
ДЕСНО КРИЛО: Мице Шилегов (Охрид) – Со осум гола беше најефикасниот во редовите на охриѓани и беше играч кој знаеше како да донесе разлика во второто полувреме.
ПИВОТ: Никола Стефановиќ (Тиквеш) – Има важна улога во играта на кавадарчани и во напад и во одбрана. Против младите битолчани го покажа тоа, а постигна два гола.