Битолчани паднаа во Кавадарци, Тиквеш ита кон плеј-оф!

Ракометарите на Тиквеш остварија важна победа над Еурофарм Пелистер 2 со 24-22 и остануваат во трка за место во разигрувањето за титулата во суперлигашкото друштво.

Еурофарм Пелистер 2 имаше контрола на стартот на теренот и водеше со три гола, 3-6. Набрзина домашните израмнија на 6-6, беше и 9-9, а иако домашниот голман Стојаноски бранеше добро во овој период, неговите соиграчи тешко погодуваа во нападот.

Затоа на спротивната страна избраниците на Александар Јовиќ реализираа и повторно се одлепија на плус три, 9-12, а на пауза гостите заминаа со истата предност откако погоди Павле Атанасијевиќ.

Во вториот дел, беше 13-16, а крилото Кондев со серија од три гола донесе реми, 17-17. Сепак битолчани не попуштаа, Трајкоски сопре неколку удари на домашните, па поведоа со 18-20.

Ниту кавадарчани не се откажуваа од позитивен резултат, па со серија од три гола стигнаа до комплетен пресврт. Велков одбрани шут на гостите, Стефановиќ преку контра донесе 21-20 за Тиквеш, но гостите преку Петровиќ израмнија.

Беше 21-21, гостите имаа шанса за водство, но згрешија во напад и Тиквеш казни за 22-21, а потоа домаќините дадоа уште еден гол и тука беше крајот на надежите на битолчани за позитивен резултат.

Дарко Кондев даде шест гола за Тиквеш, а Евгенија Темелкоски и Страхиња Симиќ имаа по четири, додека кај Еурофарм Пелистер 2 се истакнаа Павле Атанасијевиќ и Павле Петровиќ, кои стрелаа по пет пати.

5 февруари 2022
24 - 22
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
5 февруари 2022 20:41 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 05.02.2022 60'

Место

СЦ „Јасмин“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ТИКВЕШ 20141024Победа
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21322Пораз

ТИКВЕШ 2014

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Благој Пановголман00
9Орданчо Лазовлево крило00
10Стефан Дрогришкилев бек13
11Евгениј Темелкоскидесно крило04
12Марјан Велковголман00
16Александар Стојаноскиголман01
17Давид Иванов-00
18Никола Стефановиќпивот02
19Дејан Гошевскидесен бек00
23Стефан Милков-00
24Дарко Кондевлево крило16
26Ристо Окардовпивот00
33Димитар Коцевлево крило02
34Страхиња Симиќцентрален бек14
77Јане Јанчевцентрален бек01
96Стефан Трпчевскидесен бек01
 Вкупно 324

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Бобан Ристевскиголман00
3Цветан Кузманоскилево крило02
7Андре Буторацдесен бек01
8Павле Атанасијевиќцентрален бек15
9Васко Димитровскипивот01
10Христијан Митревскидесен бек00
11Симон Мирчевски-00
13Павле Петровиќдесен бек05
16Благојче Трајкоскиголман00
21Димитар Димитриоскицентрален бек01
23Стефан Талевскицентрален бек00
33Петар Атанасијевиќлево крило12
34Мартин Табаковски-00
66Милан Ѓукиќдесно крило13
88Димитриј Блажевскидесен бек00
99Филип Арсеновскипивот12
 Вкупно 422

Officials

Судии:Делегат:
ГЕОРГИЕВСКИ ДЕЈАН
ГЕОРГИЕВСКИ ДИМИТАР
КАМИШЕВСКИ ДУШКО
ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515