Утре со почеток во 17:30 часот во Белград се игра натпреварот меѓу Партизан и Еурофарм Пелистер во СЕХА лигата, а ова е прв дуел и за двете екипи кои сакаат позитивен резултат.
Еурофарм Пелистер сака бодови уште на стартот и влага како фаворит на овој дуел, а оптимизмот е присутен кај ракометарите.
„Екипата на Партизан е непознат противник за нас. Сепак, наша цел е победа и добро сме подготвени за овој натпревар. Истиот ни е максимално добредојден пред пред продолжението во Лигата на Европа. Во оваа сезона можеме да стигнеме далеку во СЕХА лигата. Добро сме подготвени и против секој ривал одиме и играме на победа. Се надевам дека ќе стигнеме до добар резултат сезонава во натпреварувањето“, изјавува Дејан Кукуловски.
Тимовите на Еурофарм Пелистер и Партизан се во Групата А каде што се наоѓаат и тимовите на ППД Загреб и Татран Прешов.