Поранешниот член на Металург, Марко Бувиниќ, кој во оваа сезона ги засили редовите на Констанца од Романија, реши да ја заврши својата ракометна кариера.
Хрватот преку видео, кое беше споделено на социјалните мрежи од страна на Констанца, објави дека стави точка на својата кариера поради приватни причини и во следните денови тој се враќа во Хрватска.
Десниот бек со романската екипа имаше потпишано договор на една сезона. Иако од раководството на Констанца инсистирале тој да го одигра последниот дел од сезоната, Бувиниќ цврсто бил решен да се повлече од ракометните терени.
Бувиниќ за екипата на Металург играше две сезони, 2014/15 и 2015/16. Во својата кариера освен за Металург, настапуваше и за екипите на Пореч, Умаг, Брегенц и Нексе.