Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за претстојните натпревари во европските купови.
Македонската двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе судат во осминафиналето од машкиот Европски Куп.
Станува збор за првиот натпревар од осминафиналето меѓу романската Потаиса Турда и шведскиот Алингсас.
Овој натпревар ќе се игра во Турда на 12 февруари од 13:15 часот, а делегат ќе биде Левин од Израел.
Покрај Начевски и Божиновски, активни на европските терени ќе биде Михајло и Методија Илиевски.
Тие ќе го судат четвртфиналниот меч меѓу српскиот тим Бекамент Буковичка Бања и словачката Дунајска Стреда што ќе се игра на 12 февруари.