Нексе е противник, кој редовно игра добро против Вардар во СЕХА-лигата, а овој пат успеа да си замине од Скопје со победа од 25:24 во натпревар во кој во поголемиот дел од средбата беше во предност.
Тренерот на тимот од Нашице, Бранко Тамше имаше причина да биде презадоволен после средбата.
„Вардар има промена на тренерската позиција. Има многу добар тренер, кого особено го ценам и тоа допрва ќе го покаже. Немавме ниту еден натпревар за добро да се подготвиме. Затоа во соблекувална дадовме задачи и многу сум задоволен од она што играчите го покажаа на терен. Екипата на Вардар е силна, има брзина, сила, има искуство како на клупа така и на терен. Ракометарите не го имаат кажано последното што се однесува до ЛШ. Ние ги изротиравме сите 16 играчи и тоа беше нашиот план. Играчите одреагираа добро, но на тоа нè присилија играчите на Вардар. Од друга страна издржавме и психички и физички и заслужено победивме“, изјави тренерот на Нексе, Бранко Тамше после победата против „црвено-црните“.
Овие две екипи за брзо ќе имаат нова пресметка. Натпреварот во Нашице ќе се игра на 18 февруари.