Ракометарите на Вардар утре ги очекува првиот натпревар од новата сезона во регионалната СЕХА лига.
Ривал е незгодниот хрватски вицепрвак Нексе Нашице, а тренерот Давид Дејвис очекува тежок натпревар.
„Последниот месец бевме на подготовки со половина екипа. Требаше да играме против Металург, а утре против Нексе. Вчера имавме видео анализа, немавме премногу време да бидеме подгтовени како што треба. Нексе има добар тренер и добри играчи, мојот прв натпревар ќе биде многу тежок. Со Гаџа, Валчак и Чувара тренираме само два дена, но тие играа на ЕП и сега мора да влезат во мојот систем. Кога ќе имаме повеќе натпревари ќе видиме како ќе изгледаме, за утре не знаеме…треба уште време да се запознаеме сите со мојот систем на работа“, вели Дејвис.
Натпреварот меѓу Вардар и Нексе се игра утревечер во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.