Клуб од Русија пред деби во СЕХА лигата

Регионалното натпреварување во кое со пет титули е рекордер Вардар, а настапува и тимот на Еурофарм Пелистер од следната година би можел да доживее проширување со приклучување на нови клубови, а веќе е познато името на една екипа која би добила место меѓу тимовите што играат.

Шампионот на Русија, Чеховски медведи е близу до место во оваа лига, а разговорот за ова се случил за време на Европското првенство кога клубовите почнаа со иницијатива за зголемување на бројот на клубовите учесници и во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

„Директорот на СЕХА лигата, Синиша Остоиќ изрази заинтересираност за нашиот клуб да учествува во ова натпреварување. Имавме разговори за ова прашање и разгледавме опции според кои тоа би било можно. Сега работиме на темата за изнаоѓање заеднички јазик. Можеби следната година Чеховски медведи ќе станат дел од СЕХА лигата. Ова регионално натпреварување од година во година станува сè посилно и попрестижно. Учеството во натпреварувањето од ова ниво дефинитивно ќе биде добро искуство за нас“, вели генералниот директор на Чеховски медведи, Александар Сафонов.

Дали ќе дојде до проширување на лигата ќе биде познато во следниот период кога ќе биде јасно дали лигата ќе доживее проширување како што веќе почнува да се информира.