Во петок ќе започне новата, 11. сезона во регионалната СЕХА лига. И оваа година ќе се игра по истиот систем од лани. Ќе учествуваат десет екипи, поделени во две групи. Во регуларниот дел настапуваат осум екипи, меѓу кои и македонските претставници Вардар и Еурофарм Пелистер, додека Веспрем и Мешков Брест имаат привилегиран статус и ќе стартуваат од четвртфиналето. По осминафинале и четвртфинале, веќе стана традиционално, сезоната да заврши на стартот на следната, во септември, кога ќе се одржи завршниот турнир во СЕХА.
Загреб е уште една од екипите која настапува во СЕХА лигата од формирањето на региналното натпреварување. Како повеќекратен шампион на Хрватска, Загреб има реноме на една од најдобрите и најодликувани екипи од овој регион кој секогаш се стреми кон врвот. Има нешто посебно во тој дрес кој низ својата долга и богата историја го носеа толку многу неверојатни играчи.
Амбициите на Загреб се повторно високи и време е да се запознаеме со тимот. На голманската позиција тимот на Ивица Обрван има интересна комбинација на голмани, тука се Филип Ивиќ и Дино Славиќ, а исто така тука е и младиот Матеј Мандиќ. На лево крило покриваат, капитенот Давид Мандиќ сигурниот изведувач на пенали Давор Чавар и Валентино Равниќ.
На десно крило искусниот Иван Чупиќ се врати во својот поранешен тим, а тука уште се и Владо Матановиќ, Филип Периќ и младиот Паоло Краљевиќ. Пикерската позиција е покриена со уште еден повратник, Жељко Муса, одличниот реализатор Марин Шипиќ, Адин Фаљиќ и Никола Граховац. Во дефанзивнте задачи ќе им помага еден од најдобрите играчи ов одбраната од Хрватска во последата декада, Јаков Гојун.
Двигател и организатор на нападите е Филип Вистороп кој во последно време има оромен напредок. Негова поддршка ќе бидат Сандро Обрановиќ и младиот Карпо Сиротиќ. На левата бековска позиција Загреб има три одлични играчи, Звонимир Срна, Един Клис и Алекс Кавчиќ. На десен бек се Лука Ловре Кларица и Унгарецот Чаба Лејметер. Тимот го предводи Ивица Обрван.
„Лавовите“ од главниот град на Хрватска успеаја да му дадат нова димензија на тимот носејќи искусни играчи како Чупиќ, Муса и Гојун минатото лето. Овие ракоемтари не само што се уште подготвени за добри изданија туку и нивното искуство во тимот значи многу. Особено важно е за помладите Вистороп, Срна, Кларица, Шипиќ, Чавар, Матановиќ и сите други.
Ќе биде многу интересно да се види напредокот на Загреб во однос на постигнувањето од последниот фајнал фор во Задар. Амбициите се секогаш високи, но и конкуренцијата ќе биде многу жестока како и секогаш. Загреб ќе игра во групата А против Партизан, Еурофарм Пелистер и Татран Прешов.