Во петок ќе започне новата, 11. сезона во регионалната СЕХА лига. И оваа година ќе се игра по истиот систем од лани. Ќе учествуваат десет екипи, поделени во две групи. Во регуларниот дел настапуваат осум екипи, меѓу кои и македонските претставници Вардар и Еурофарм Пелистер, додека Веспрем и Мешков Брест имаат привилегиран статус и ќе стартуваат од четвртфиналето. По осминафинале и четвртфинале, веќе стана традиционално, сезоната да заврши на стартот на следната, во септември, кога ќе се одржи завршниот турнир во СЕХА.
Шампионот на Србија, Војводина се подготвува за своето осмо учество во СЕХА лигата. После новогодишната пауза тимот ги продолжи подготовките без главниот тренер, Борис Ројевиќ кој беше дел од стручниот штаб на репреентацијата на Србија на Европското првенство во Унгарија и Словачка.
Екипата која своите натпревари ги игра во салата „Слана бара“ пласманот во регионалната лига го потврди со убедливото освојување на осмата титула шампион на Србија по ред. Црвено-белите од Нови Сад имаа одличен старт на новата сезона и после првиот дел во домашното првенство се на првата позиција со 11 победи на 12 натпревари.
Прв стрелец во првиот дел од сезоната беше новајлијата Алекса Кљајиќ со 64 гола кој претходно има СЕХА искуство во екипите на Металопластика и Железничар. Битките за плеј-оф во домашното првенство Војводина ќе ги започне против вице-шампионот Партизан на 12 февруари на домашен терен.
Војводина го освои Српскиот куп во Лозница откако лесно славеше во финалето против Добој со 30:20. Ова е петти трофеј по ред за тимот од Нови Сад во натпреварувањето во кое играат двата најдобри тимови од Србија и Република Српска.
Составот на Војводина не е променет многу во однос на претходните сезони. Главните адути на тренерот Ројевиќ се искусниот 41 годишен голман Светислав Веркиќ, двојно помладиот, 20 годишниот десен бек Јовица Николиќ и 37 годишниот плејмејкер Немања Прибак. Првиот состав на тимот уште го сочинуваат левото крило Младен Сотиќ кој беше дел од тимот на Србија на ЕП и најдобриот играч на ЕП 2018 до 20 годни, левиот бек Грегор Оцвирк.
Војводина имаше краток настап во европските натпреварувања, швајцарскиот претставник во Кадетен Шафхаузен беше подобар во првото коло од Европскиот куп. После победата во Нови Сад од 26:20, момците на Ројевиќ целосно потфрлија во реваншот на гостински терен и загубија со 23:34.
„Слана бара“ е една од традиционалните домашни терени во СЕХА лигата. Од своето деби во сезоната 2013/14 Војводина тука ги прослави најголемите победи во својата историја. Но сè уште црвено-белите од Нови Сад го чекаат првиот пласман на завршниот турнир. Најголемиот успех на Војводина во Сеха лигата е пласманот во четврт-финалето во сезоната 2019/20 кога беа елиминирани од Веспрем.
Новата сезона Војводина требаше да ја отвори против екипата на Мотор Запорожје но овој дуел е одложен заради големиот број заразени играчи со коронавирус кај тимот од Украина. Во групата Б уште се и Вардар и Нексе.