Доскорешниот ракометар на Бутел Скопје, Саша Пулјизовиќ, во продолжението од сезоната ќе настапува за Стал Миелец од Полска.
Повремениот репрезентативец на Босна и Херцеговина во екипата на Бутел Скопје пристигна во оваа сезона, но не одигра многу натпревари поради повреда.
Пулјизовиќ потекнува од босанската екипа Дервента, а во регионот ги носеше дресовите на Градачац, Бјеловар и Металопластика.
Беше дел од израелскиот Бнеи Херцлија, турскиот Кајсери, австрискиот Тирол, романската Сучеава, шведскиот Хелсинборг, од каде што направи трансфер во финскиот Кокс, со кој играше две сезони во Лигата на шампионите.
Босанецот во Стал Миелец ќе пристигне заедно со ракометарот од Изола Бутан Плин од Словенија, Марко Николиќ.