Поранешниот репрезентативец на Македонија, Владимир Темелков уште е активен, а продолжува и со одличните игри бидејќи останува лидер на стрелците на тимот на Каерјенг во првенството на Луксембург, екипа со која дојде до нова победа во првенството од 29:27 против Дуделанж.
Иако противникот важеше на некој начин и како фаворит на теренот, сепак, Каерјенг имаше што да покаже и во вториот дел беше подобар од противникот и заслужено дојде до триумф.
Победата од 29:27 беше сосема доволна за да може да се стигне до нови бодови, а на овој дуел Темелков беше прв стрелец во победничкиот состав, но и најефикасен на средбата.
Темелков постигна седум гола, а два од нив беа од линијата од седум метри.