Шведска по 20 години се искачи повторно на европскиот трон, откако во финалето на ЕП ја совлада Шпанија со 27-26.
Тамошната федерација реши да ги награди ракометарите и стручниот штаб со премија од околу 12.000 евра за секој поединечно.
За секоја победа на континенталниот собир, Швеѓаните добија по 500 евра, како и дневници од околу 80 евра.
Кога на крајот ќе се собере се, тогаш доаѓаме до сума од околу 18.000 евра, што не е малку, но не е ниту многу.
Шведска е домаќин на следното Светско првенство заедно со Полска, па скандинавците на домашен терен ќе имаат шанса да ја продолжат низата на добри резултати на големите натпреварувања.