За време на финалниот викенд од Европското првенство во Будимпешта беа одржани многу состаноци, меѓу кои и оној на Европската асоцијација на ракометни агенти.
Во неа членуваат околу триесетина агенти од Европа меѓу се Андреј Голиќ, Никола Еклемовиќ, Братислав Илиќ, Арнар Теодорсон, Милан Јокиќ, Жељко Куита, Матијаш Фаркаш…а дел од нив се агенти и на многу македонски ракометари.
Првата цел на оваа асоцијација е заштита на правата на агентите, кои се соочуваат со големи проблеми.
Најголемиот проблем со кој се соочуваат се ненаплатените побарувања од клубовиите со кои се реализирани трансфери на играчите, но за разлика од играчите и тренерите кои своите побараувања може да ги бараат преку ЕХФ, тоа не е случај со агентите.
Во другите групни спортови европските федерации (УЕФА, ФИБА, ФИНА) издаваат лиценци за работа на агентите, иако некои земји како Германија, Франција, Унгарија…имаат сопствени регулативи и лиценци за агенти.
Асоцијацијата се бори за на европскиот трансфер пазар да можат да работат исклучиво лиценцирани агенти.