Ракометарот на Исланд, Омар Инги Магнусон е најефикасниот стрелец на Европското првенство откако постигна 59 гола со кои беше далеку пред конкуренцијата.
Тој стана вториот ракометар кој успеал да биде прв стрелец на ЕП и Бундес лигата после Данецот Ларс Кристијансен.
Инаку, на ова првенство тој постигна 59 гола на осум натпревари, па сосема извесно е дека доколку одиграше уште еден натпревар ќе успееше да го надмине рекордот на Сагосен од претходното првенство кога Норвежанецот постигна 65 гола.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ – ТОП 10
59 – Омар Инги Магнусон (Исланд)
47 – Микел Хансен (Данска)
46 – Аркадиуш Морито (Полска)
45 – Кеј Смитс (Холандија)
45 – Хампус Ване (Шведска)
43 – Хуго Деска (Франција)
43 – Сандер Сагосен (Норвешка)
42 – Себастијан Бартолд (Норвешка)
41 – Милош Вујовиќ (Црна Гора)
40 – Алеиш Гомез Абељо (Шпанија)