Тимот на Куманово славеше на првиот пријателски натпревар пред стартот на пролетниот дел од сезоната во Првата лига.
Кумановци го победија составот на Јехона од Гостивар со убедливи 16 гола разлика, 47-31.
Пролетниот дел од Првата лига стартува на 12/13 февруари, а тимот од Гостивар во 14 коло ќе игра против Работнички.
Јехона има 18 бодови, исто колку и Работнички, па ова ќе биде меѓусебен двобој за четвртото место на табелата и сигурно место во плеј-офот.
Кумановци, пак во првото пролетно коло ќе се соочат со Текстилец на домашен терен.