Репрезентацијата на Данска загуби од Франција после голем пресврт во завршниот дел од мечот што значеше палсман за Француите во полуфинале, а доколку Данците славеа тогаш Исланд ќе беше полуфиналист.
Реакциите кон Данците беа многу бурни, а дел од нив и ги надминаа границите на коректно и беа неприфатливи со многу омраза.
Данските репрезентативци се согласиле да објават дел од пораките кои ги добиле на социјалните мрежи за данскиот ТВ 2 Спорт.
ФОТО: ТВ 2 СПОРТ
Најголемиот дел од обвинувањата кон ракометарите на Данска се за местење натпревар. Еден од нив е пикерот Рене Антонсен кој за данските медиуми ја сподели содржината од пораките.
„Добив некои поинакви пораки од Исланѓани кои беа доста непријатни. Луѓето го пишуваа своето мислење за мојот настап против Франција. Но за среќа работите кои ми ги пишуваа во пораките се нешто што никогаш не би ми го кажале во очи. Мислам дека не е во ред да пишувате на социјалните мрежи што ќе посаате“, рече Антонсен.
Исто така спортскиот директор на репрезентацијата на Данска, Мортен Хенриксен изјави дека содржината на пореките е од неосновани обвинувања за местење натпревари, до коментари за нечиј изглед па дури и до смртни закани.
И покрај поразот од Франција, Данска ќе игра во полуфиналето а противник ќе им биде Шпанија, додека во другото полуфинале ќе играат Франција и Шведска.