Репрезентацијата на Шведска нема да биде комплетна за дуелот против Франција на утрешното второ полуфинале на Европското првенство бидејќи на денешното тестирање еден од ракометарите беше позитивен на Ковид 19.
Позитивен тест имаше десниот бек Лукас Сандел за кого порано од предвиденото заврши Европското првенство и тој ќе мора во изолација.
Ова значи дека тој нема да биде во комбинација за настап ниту в недела без разлика дали Шведска ќе игра во финалето или во мечот за 3. место.