Освојувањето на 8. место на ова Европско првенство беше окарактеризирано како лош пласман за ракометарите на Хрватска, а својот глас веднаш го кренаа поранешните репрезентативци и легенди на овој спорт.
Еден од оние кои имаше најмногу што да каже е Петар Метличиќ, десниот бек кој имаше многу добри партии во дресот на Хрватска и беше дел од сите успеси под водство на Лино Червар.
„Репрезентацијата на Хрватска треба да престане да биде полигон за тестирање и развој на играчите. Ракометарите се развиваат во клубовите, а во репрезентацијата треба да играат најдобрите и најподготвените. Мислам дка тоа е она најаважното и сосема неважно е дали тој има 38 или 20 години. На селекторите е да проценат кои се тие играчи. Тоа е единствениот вистински пат без разлика на годините. Имаше ракометари кои играа со 38 години. Карабатиќ е најдобар пример за тоа. Ако е подготвен, ако е мотивиран зошто да не. Мора да постојат критериуми, во репрезентацијата мора тешко да се влезе, а уште потешко да се излезе. Видете ги Французите, Данците… тие не менуваат премногу“, коментира Метличиќ.
Секој ваков резултат во Хрватска редовно се окарактеризира како неуспех така што ова е причина за големиот број на реакции насочени особено кон селекторот Хрвоје Хорват.