Во последниот натпревар од групната фаза од главната рунда на Европското првенство репрезентациите на Данска и Франција одиграа интересен натпревар со неизвесна завршница. На Франција и беше потребно да не загуби за да игра во полуфиналето и со голем пресврт во завршнцата стигна до победата од 30:29.
Од самиот почеток Данска играше во висок ритам, расположен беше Холм, но имаше поддршка и од соиграчите. Данците после пет минути игра имаа водство од 5:1 и во останатиот дел од првото полувреме сигурно го чуваа.
Иако играа без тројца клучни играчи Микел Хансен, Матијас Гидсел и Магнус Јенсен, во тимот на Данците имаше други расположени играчи. Холм и Киркелоке со по шест гола беа најзаслужни за водството на Данска после 30 минути игра од 17:12.
Во вториот дел Французите се обидоа со сите сили да се вратат во натпреварот и да стигнат до резултат кој ги води во полуфиналето, а тоа беше реми или победа. Но сите нивни напади Данците без поголеми проблеми ги одбиваа сè до завршните минути од мечот.
Негативата на Франција од пет гола уште од полувремето продолжи и во најголемиот дел од продолжението. Французите во последните десетина минути успеаја да се доближат, а во 54. минута имаа негатива од два 25:27, која потоа беше и само гол разлика.
Се влезе во неизвесна завршница, во 56. минута Франција израмни, а веќе во 58. имаше напад за водство. Данците играа со многу грешки во последните минути, а Мелвин Ричардсон погоди за 30:29 што беше и победнички гол. Со овој триумф Фрнација обезбеди полуфинале како првопласирана, а Исланд е елиминиран.
ЕП 2022, ГРУПА 1 – ТАБЕЛА