Екипата на Еурофарм Пелистер подготовките за пролетниот дел од сезоната ќе ги финишира во Хрватска каде што покрај тренинзит ќе може да одигра и контролни средби.
Тренерот Жељко Бабиќ во Хрватска на располагање ќе има 17 ракометари, а меѓу нив ќе бидат и Цветан Кузманоски, Павле Атанасијевиќ и Филип Арсеновски од Еурофарм Пелистер 2.
Поради повреда овие подготовки ќе ги пропуштат Стипе Мандалиниќ, Мирко Радовиќ, Никола Маркоски и Бојан Маџовски. Матео Мараш не може да биде дел од тренинзите бидејќи е со репрезентацијата на Хрватска на ЕП.
Утре тимот на Еурофарм Пелистер ќе одигра контролна средба со Целје, в среда против Сесвете,а в петок со ППД Загреб. Според планот следната недела тимот се враќа во Битола.