Се комплетираше стручниот штаб на макдонскиот шампион Вардар, откако од денеска на тренинзите е и Венио Лосерт.
Тренерот на голманите дојде во Скопје и ќе започне да работи со Борко Ристовски и Васил Гогов, а наскоро и со Мартин Томовски, и Али Сафар кој има обврски со националниот тим на Кувајт на Азиското првенство.
Во стручниот штаб на Давид Дејвис, покрај Лосерт, се уште и Владо Недановски и Стојан Петрушевски.
Вардар се подготвува во Скопје, а наскоро ќе се приклучат и оние што настапуваа на ЕП – Томовски, Стоилов, Талески, Георгиевски и Мишевски.
Активни на континетналниот собир се уште Јан Чувара и Патрик Валчак со Полска, како и Анте Гаџа со Хрватска.